Политика за приватност

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на електронската продавница и веб страната lapetit.мк и објаснува како МИЛФУД ДОО Скопје (во натамошниот текст  МИЛФУД, Lapetit, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи Вашите податоци,  при користење на нашата електронска продавница, односно веб сајт lapetit.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со оваа Политика за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. 

Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт Вие автоматски се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, треба да ја напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.  

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци  со ажурирани детали за нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот, промена на начините за користење и пренос на податоци, нови услови  и начини за користење  и сл.. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објаВен погоре во “Последна промена Ве”.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со позитивните законски прописите за заштита на лични податоци.

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на користникот, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги подготвиме вашите нарачки, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата МИЛФУД се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во МИЛФУД ДОО се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

lapetit.mk  користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Сите поврзани работи со т.н. колачиња може да ги прочитате во нашата Политика за користење на колачиња.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Lapetit.mk се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница.